Победа на првиот натпревар за кошаркарите на Фенербахче во дуелот со Жалгирис во 1/4 финалето. Турскиот тим доминираше во текот на целиот меч, и на крајот заслужено славеше со 89-78. Триумфот го реши по првиот дел кога се стекна со предност од 16 поени разлика.
Сепак, гостите се вратија во третиот период кој го добија со 28-18, меѓутоа Фенербахче и во последниот период ја имаше контролата на резултатот, не дозволи на противникот да се доближи и на крајот да слави победа.
Тарик Биберовиќ со 26 поени беше најефикасен кај победничкиот тим. Кај поразениот Жалгирис најдобар беше Вилјамс-Гос со 24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

