Турскиот гигант Фенербахче направи респектабилен тим кој во моментот е лидер на табелата во домашното првенство, а и важи за еден од фаворитите за освојување на Конференциската лига.
Клубот од Инстанбул оваа зима веќе ги засили своите редови со преискусниот италијански стопер Леонардо Бонучи, а пред премин во клубот е и турскиот стопер Чаглар Сојунчу, пренесуваат шпанските медиуми.
Дваесетиседумгодишникот е дел од Атлетико Мадрид, но не добива вистинска шанса во мадридскиот клуб па оваа зима сака преселба во клуб во кој ќе добива голема минутажа. Преговорите помеѓу двата клуба се веќе започнати и се однесуваат на позајмица до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА