Фенербахче донесе нов центар од НБА-лигата

Жељко Обрадовиќ продолжува со реконструкцијата на тимот на Фенербахче, откако европскиот првак остана без Богдан Богдановиќ и Екпе Удох, кои заминаа во НБА-лигата. Како замена за Богдановиќ доведен беше Марко Гудуриќ од Црвена звездда, а Фенер синоќа го реши и прашањето на нов центар, откако го ангажираше Џејмс Томпстон.

Станува збор за играч со НБА-реноме, кој долги години беше дел од најсилната лига на светот. Тој беше 12. пик на драфтот во 2008 година од страна на Сакраменто, по што мина седум сезони во дресот на „кралевите“, во најдобрата бележејќи 12,5 поени и 8,5 скокови по натпревар. По кратките епизоди во Голден стејт и во Торонто овој центар се пресели во Кина, за сега да ја прифати понудата за едногодишен договор со Фенербахче.

Покрај Томпсон и Гудуриќ, Фенербахче се засили и со плејмејкерот на Галатасарај, Синан Ѓулер, како и со крилниот центар на Бамберг, Никола Мели.

Се вчитува...