Фенербахче ќе го пречека Макаби во Литванија

Натпреварот од 19. коло во кошаркарската Евролига меѓу Фенербахче и Макаби Тел Авив наместо во Истанбул ќе се игра во литвански Паневезис, објави веб-страницата на натпреварувањето.

Натпреварот ќе се одигра на четврти јануари следната година. Во соопштението на Евролигата се наведува дека оваа одлука е донесена по препораките на турската и израелската влада.

Поради војната во Израел, Макаби домашните мечеви во Евролигата ги игра во Белград без присуство на навивачи.

Се вчитува...