Фенербахче конечно победи, Барселона подобра од Жалгирис

Турскиот кошаркарски клуб Фенербахче конечно стигна до триумф во Евролигата, откако во седмото коло го совлада германскиот Баерн Минхен со 90-82.

Клучна во мечот беше последната четвртина која избраниците на Желјко Обрадовиќ ја добија со девет поени разлика. Дерик Вилијамс со 19 поени беше прво име во победничкиот табор, Махмутоглу постигна 14 поени, а Слукас мечот го заврши со 13 поени. Кај гостите најдобар беше Грег Монро со 19 поени.

Барселона стигна до шестата победа сезонава, откако триумфираше на гостувањето кај литванскиот Жалгирис со 93-86. Каталонците беа подобар противник во првото полувреме кое успеаја да го добијат со седум поени разлика и на полувреме да заминат со предност од 40-47. Во вториот дел го контролираа резултатот за конечна победа од 93-86.

Предводници на каталонскиот клуб беа Кори Хигинс со 27 и Никола Миротиќ со 24 поени, додека кај домаќините Ледај го заврши мечот со 16 поени.

Се вчитува...