Фенербахче преговара со Жорге Жесус

Турскиот гигант Фенербахче е во преговори за нов тренер на клубот. Прв пик е Жорге Жесус, екс тренерот кој остави длабока трага во Бенфика и во Фламенго.

Самиот португалски стручњак потврди дека има преговори со тимот од Истанбул.

„Зборував со Фенербахче, но немам договор. Разгледувам неколку понуди. Ми треба време да размислам“, рече Жесус.

67-годишниот Жесус во минатото покрај Бенфика и Фламенго ги водеше и Спортинг, Ал Хилал, Белененсес, Брага, Виторија Гимараеш, Виторија Сетубал…

Се вчитува...