Фенербахче сака да го напушти турскиот шампионат!

Турскиот великан Фенербахче објави дека размислува да се повлече од домашното првенство, откако неговите играчи беа физички нападнати по победата над Трабзонспор од 2-3 во дерби натпреварот на турското првенство.

Фенербахче најави дека на 2. април ќе одржи вонреден состанок на клупското собрание на кое ќе се разговара за понатамошните активности по настаните во Трабзон, а не е исклучено и повлекување од Лигата.

По 30. кола Фенербахче е на второто место на табелата со 79 бода, два помалку од големиот ривал Галатасарај.  Поради инцидентот на крајот од натпреварот во Трабзон во понеделникот, уапсени се 12 лица, а тие настани ги осуди и претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Се вчитува...