Фенербахче се огласи по скандалот со напуштање на терен против Галатасарај

Фенербахче во знак на протест во финалето од турскиот Суперкуп против најголемиот ривал Галатасарај настапи со младинци во натпревар кој траеше само две минути пред фудбалерите да го напуштат теренот.

По овој повод Фенербахче се огласи и со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

„Денеска кога излегуваме на терен не да победиме, туку да ја браниме вистината, нашиот став е следниот:

Му служиме на турскиот спорт со својата 117-годишна традиција, не само во фудбалот, туку на секоја гранка во која се натпреваруваме, имаме илјадници трофеи во нашиот музеј со траги на пот и макотрпна работа.

Чувствувајќи ја националната вредност на нашата држава со нашите 30 милиони навивачи, како најголем светски спортски клуб ќе продолжиме да стоиме исправено денеска и утре, како што го правевме тоа вчера“, стои во соопштението на клубот.

Се вчитува...