Фенербахче се враќа во трката за потписот на Езгијан Алиоски

Претседателот на Фенербахче, Али Коч вчера доби нов мандат на местото прв човек на клубот. Езгијан Алиоски беше една од желбите на Коч, но поради претседателските избори тоа беше стопирано.

Сепак, по добивањето на новиот мандат на Коч, Фенербахче повторно се враќа во трката за потписот на македонскиот репрезентативец. Покрај Фенербахче во игра за неговиот потпис е и Трабзонспор кој исто така веќе подолго време е заинтересиран за неговите услуги.

Покрај Езгијан Алиоски желба на претседателот на Фенербахче е и поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски кој треба да седне на клупата на турскиот гигант.

Се вчитува...