Олимпијакос има предност од 3-2 по првиот четвртфинален дуел од Конференциската Лига против Фенербахче, но грчкиот гигант дефинитивно има за што да жали бидејќи имаше можност со поубедлива позитива да патува на реваншот во Истанбул. „Црвено-белите“ од Атина фуриозно го отворија мечот, поведувајќи преку Фортунис по една почетнички загубена топка на гостинскиот состав. Црногорецот Јоветиќ зголеми на 2-0 во првото полувреме, а на стартот од третиот дел Олимпијакос стигна и до 3-0,со голот на Чикињо по уште една грешка на гостите од Турција.
Фенербахче се наоѓаше на работ на амбисот, но Турците успеаја да се вратат, најпрвин со пеналот на Тадиќ намалија на 3-1, за во 74. минута Кавечи да стигне и до 3-2 и активен резултат во пресрет на реваншот во Истанбул.
Во вториот четвртфинален дуел Плзењ и Фиорентина ремизираа 0-0. Од ваквиот исход позадоволни ќе бидат домаќините ако се знае дека гостите од Фиренца има целосна доминација на теренот со 70% од поседот на топката, но не успеаја да ги реализираат шансите што ги создадоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА