Фудбалерите на турскиот великан Фенербахче славеа со 2-0 на домашен терен против австрискиот Штурм Грац во првиот натпревар од двомечот од 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Турците поведоа со 1-0 со погодокот на Талиска уште во 9. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со голот на новата аквизиција на клубот, Мејсон Гринвуд во 45. минута. Во вториот дел мируваа мрежите, а Турците успеаја да ја задржат предноста од два гола со која ќе патуваат на реваншот за седум дена во Грац.
Fenerbahçe [2] – 0 Sturm Graz – Mason Greenwood 45'
byu/50lipaa insoccer
Во вториот денешен натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите дански Архус славеше со 2-1 против Сабах Баку од Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
