Фенербахче со уште едно познато име во своите редови: Во Истанбул „слета“ Фред

Фенербахче денеска се пофали со ангажман на бразилскиот интернационалец Фред кој доаѓа од Манчестер Јунајтед. Тој за тимот од Истанбул потпиша договор на 4+1 година.

Фред во Манчестер дојде од Шахтјор, но по доаѓањето на Каземиро и на Ериксен, го загуби местото во првиот тим, и мораше да замине.

„Многу сум среќен што доаѓам во најголемиот клуб во Турција, клуб кој има голема традиција. Моите први впечатоци се позитивни. Има многу важни играчи во историјата на овој клуб. На овој терен со Бразил играв пред 9 години, сега ќе играм за навивачите на Фенербахче и многу сум среќен. Тие почнаа да ме поддржуваат уште пред да дојдам тука“, изјави ред.

Претходно тимот на Фенербахче се засили со Душан Тадиќ и Един Џеко, а во следните часови треба да се комплетира и трансферот на Ченгиз Ундер од Олимпик Марсеј.

Се вчитува...