Суперѕвездата на Феникс, Кевин Дурaнт е разочаран од раковдоството на оваа франшиза која го вклучила во преговори за трејд кој би го испратил назад во Голден Стејт, откриваат американските медиуми.
Дурaнт во минатото настапуваше за Голден Стејт, освојувајќи два прстени, но се одлучи да замине од овој клуб по неуспешната мисија да ја освои и третата последователна титула во сезоната во која заработи тешка повреда.
Разочарувањето на Дурaнт е големо па се очекува и самиот да побара трејд во друга средина. Неговиот договор со Санс е со важност до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА