Феникс санс го отпушти Френк Вогел

Френк Вогел повеќе не е тренер на Феникс санс, пренесуваат американските медиуми. Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, каде што беа поразени од Минесота сп 4-0.

Феникс имаше исклучително ветувачка регуларна сезона со 49 победи, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот. Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана, а со тимот од ЛА во 2020 стигна и до титулата во НБА лигата.

Според американските медиуми, главна цел на Санс ќе биде поранешниот тренер на Милвоки бакс и Атланта хоукс од која беше дел и нашиот Перо Антиќ, Мајк Баденхолзер.

Се вчитува...