Феноменален меч во Штип – Брегалница со евроголот на Дујовски до реми со Шкендија, победи на Шкупи и Академија Пандев (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 3. КОЛО….

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (0-0)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (5-1)

Адем 4′ (п), 77′, Лазаревиќ 13′, Попзлатанов 60′, Да Силва Матеус 81′ – Демир 33′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-2)

Радески 1′, Јусуф 6′(аг)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (3-3)

Алтипармаковски 12′, Стојанов 62′, Дујовски 90’+2 – Азиновиќ 59′(аг), Ибраими 81′, Дориев 89′(п)

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ (2-0)

Селмани 5′, Ајрулаху 83′

Кавадарци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (0-2)

Мирчевски 44′, Манев 50′

======================================================================================

  • Крај на натпреварите од 3. коло во ПМФЛ. Извонреден меч во Штип, Брегалница и Шкендија ги поделија бодовите во супер-натпревар. Шкупи славеше со 0-2 на гостувањето против Пелистер, Академија Пандев беше подобра од Тиквеш во Кавадарци, а Македонија ЃП со „петарда“ го испрати Скопје. Ренова го победи Борец со 2-0.

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (2-3)

3-3 – 90’+2 – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Евро-гол на Владимир Дујовски кој од 25 метри испрати вистински проектил под гредата од голот на гостите!


БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (2-3)

2-3 – 89′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По играта со рака на Азиновиќ досуден пенал за Шкендија. Сигурен реализатор на пеналот е Љупче Дориев

РЕНОВА – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 83′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Нововлезениот Изет Ајрулаху ја дуплира предноста за Ренова

МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (5-1)

5-1 – 81′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Брз контранапад на домашните кој мајсторски со прекрасен удар од 20 метри откосо го завршув Да Силва Матеус


БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 – 81′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Убава акција на Дориев по левата страна, го проигрува Бесарт Ибраими кој од десеттина метри стрела во мрежата на Денковски

МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (4-1)

4-1 – 78′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По брз контранапад, Ермедин Адем погодува за убедлива предност на „лавовите“


БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 – 62′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Акција на Брегалница по десната страна, грешка во гостинската одбрана и Мартин Стојанов од 12 метри прецизно стрела за 2-1


МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (3-1)

3-1 – 60′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Попзлатанов шутира од 20 метри откосо од десната страна, топката зафаќа еден од дефанзивците на гостите, и завршува во мрежата

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлање од левата страна, Азиновиќ во обид да расчисти постигнува автогол за израмнување

ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (0-2)

0-2 – 50′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По нафрлањето од корнер од левата страна, Коста Манев голгетерски реагира постигнувајќи убав погодок за 0-2.

  • Почеток на вториот дел на натпреварите од 3. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 44′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Мирчевски шутира од 18 метри, топката зафаќа еден од домашните дефанзивци го менува правецот и отседнува во мрежата на Тофилоски.


МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (2-1)

2-1 – 33′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. По изведен корнер од левата страна, топката доаѓа до Бенјамин Демир кој со глава од 7-8 сместува во противничката мрежа

МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (2-0)

2-0 – 13′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Стефан Лазаревиќ ја дуплира предноста за „лавовите“

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 12′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Почната акција од Маневски, па нафрлување од десната страна пред голот на Шкендија каде Алтипармаковски осамен од 5-6 метри со глава сместува во мрежата на гостите!


ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-2)

0-2 – 6′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Комичен гол во Битола. Крстевски во обид да исфрли од пред својот гол го погодува Алпај Јусуф од чие тело топката отседнува во мрежата на Пелистер.


МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 4′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Ермедин Адем од пенал носи водство за „лавовите“

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 1′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Марјан Радески во 48. секунда шутира од 18 метри и погодува во мрежата на домашните

РЕНОВА – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООООЛ ЗА РЕНОВА. Ремзифаик Селмани носи брзо водство за „гипсарите“

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 3. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Очигледно први реакции на новиот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ по катастрофалните резултати на тимот ова лето. Акраповиќ „удри“ по најискусните во тимот, Арменд Алими и Бесарт Ибраими. Алими воопшто го нема во составот за мечот со Брегалница во Штип, а Бесарт Ибраими е на клупата!
  • Во тимот на Брегалница, пак, деби за Србинот Ескиќ и напаѓачот Алтипармаковски. Во првиот тим и Бобан Георгиев на местото на досега стандардниот Дарко Додев.

======================================================================================

Во 3. коло од ПМФЛ, интересна пресметка во Штип каде Брегалница ја пречекува Шкендија која очајно трага по првата победа ова лето.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...