Феноменалниот Адетокумбо за „брејк“ на Милвоки во Бостон… (ВИДЕО)

Милвоки успеа да го врати „брејкот“ во НБА плеј-оф серијата против Бостон славејќи на гостински терен со 116-123. Предводен од одличниот Јанис Адетокумбо сега Милвоки поведе со 2-1 во серијата.

Првите три четвртини од мечот донесоа неизвесна кошарка. Селтикс беа подобри во првото полувреме во кое имаа предност и од +12, но во вториот дел комплетно се разиграа кошаркарите на Милвоки. Гостите во последната четвртина во еден момент имаа и 17 поени предност, па веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата.

Адетокумбо беше извонреден со 32 поени, 13 скока и 8 асистенции, Џорџ Хил дополни со 21 поен а Мидлтон мечот го заврши со 20 постигнати поени. Кај Бостон се истакна Ирвинг со 29 запишани поени.

Се вчитува...