Феноменалниот Љуљ со 19 поени за една четвртина против Дарушафака

Серхио Љуљ имаше низа извонредни натпревари сезонава, но ниту еден како денешниот против Дарушафака, на кој шпанскиот репрезентативец одигра неверојатна прва четвртина. Асот на Реал Мадрид постигна 19 поени во првите десет минути, погодувајќи пет од шесте обиди за тројка.

[youtube id=”GxWuGzXwIqA” width=”640″ height=”380″]

Реал Мадрид го доби мечот со 101-83, а Љуљ ја заврши оваа средба со 26 поени. Интересно, единствената тројка постигната по првата четвртина беше ремек-делото со самиот звук на сирената, кога Шпанецот погоди од половина терен.

Се вчитува...