Феноменалниот Суарез стигна до 500 гола во кариерата

Атлетико Мадрид славеше на дуелот против Алавес со 1-0, не дозволувајќи им на ривалите да се приближат до врвот на табелата во Примера Дивизион.

Луис Суарез беше човекот на одлука откако уругвајскиот ас одлично се снајде на почетокот од второто полувреме и со прецизен удар со глава му ја донесе победата на тимот на Диего Симеоне. Воедно, Суарез стана дел од „ексклузивниот Клуб 500“, стигнувајќи до вкупно 500 погодоци во својата кариера (на официјални натпревари на клупски и репрезентативен план).

Алавес во самиот финиш имаше одлична можност да израмни, но Облак го одбрани пеналот на Хозелу во 88. минута.

 

Се вчитува...