Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски одбележа натпревар без примен гол во 5. коло од Ла Лига.
Рајо Ваљекано триумфираше со 3-0 на дуелот против Гетафе во мечот во кој Димитриевски на извонреден начин одбрани и пенал на гостите во 86. минута.
Димитриевски мина квалитетни 90 минути на теренот одбележани во 86. минута кога одлично интервенираше спречувајќи погодок од пенал на Унал.
Одлично деби за Рајо Ваљекано имаше Радамел Фалкао кој влезе во игра во 71. минута и веќе во 82. минута го постигна третиот погодок за конечна победа на тимот на македонскиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА