Два натпревари се одиграа синоќа во НБА лигата во кои Филаделфија предводена од Џоел Ембид славеше пред своите навивачи против ЛА Лејкерс со 105-87, додека во Сан Франциско домашните Голден стејт беа подобри од Минесота победувајќи со 124-115.
Минесота долго пружаше силен отпор на Голден стејт се до пет минути пред крајот на мечот кога Кари и Клеј Томпсон со две тројки по ред го одлучија победникот. Токму и во погодоците за три поени беше клучната разлика на натпреварот. Домашните погодија 21 од само 36 обиди, а гостите имаа 10 погодоци за три поени од вкупно 44 обиди.
Стеф Кари беше најдобар кај Вориорс со 29 поени, осум скока и шест асистенции, а Клеј Томпсон постигна 23 поени, што е негов рекорд сезонава. Кај гостите се издвои Карл-Ентони Таунс со 31 поен, 12 скока и шест асистенции, додека Ентони Едвардс постигна 27 поени.
💦 The Splash Bros. combine for 52 PTS 💦
Klay Thompson & Steph Curry combine for 11 3PM@KlayThompson: 23 PTS, 5 REB, 5 3PM@StephenCurry30: 29 PTS, 8 REB, 6 AST, 3 STL, 6 3PM pic.twitter.com/KgZginPfiN
— NBA (@NBA) January 28, 2022
Ентони Дејвис, пак, имаше одлична вечер со 31 поен и 12 скока во редовите на ЛА Лејкерс кои сепак не успеаја да го надополнат отсуството на Леброн Џејмс. Тој го пропушти мечот поради болки во левото колено, и ЛА Лејкерс загубија на гостувањето против Филаделфија.
Џоел Ембид во победничкиот тим постигна 26 поени, а имаше и девет скока, седум асистенции и две блокади. Одличен соработник имаше во Тобиас Харис кој мечот го заврши со 23 поени.
Joel Embiid and Tobias Harris combined for 49 points as the @sixers win their 3rd straight game! 🔥@JoelEmbiid: 26 PTS, 9 REB, 7 AST, 2 BLK@Tobias31: 23 PTS, 5 REB, 4 AST, 2 STL pic.twitter.com/o4C4O6hGBt
— NBA (@NBA) January 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА