Феноменот Халанд: Даде гол на секој меч во квалификациите и на СП 2026

Ерлинг Халанд со два гола го елиминираше големиот Бразил од овој мундијал, со што норвешкиот голгетер ја продолжи феноменалната серија каква што не се памети во светот на фудбалот.

Ерлинг сега има најмалку по еден погодок на последните 14 средби во репрезентативниот дрес, но што е уште поимпресивно, тој редовно се запишуваше меѓу стрелците на сите мечеви поврзани со овој мундијал, како во квалификациите, така и од почетокот на светското првенство.

Ерлинг стрелаше прецизно на двете средби со Италија, потоа и со Израел, Молдавија и со Естонија, а неверојатната серија ја продолжи и на мундијалот, против Ирак, Сенегал, Брегот на Слоновата коска, и сега против Бразил.

Серија каква што не му успеала никогаш никому во историјата на светскиот фудбал.

Се вчитува...