Феноменот на „розевите“ во Формула 1

Тимот на Форс Индија е единствен сезонава што со  двајцата возачи освоил бодови на сите пет трки во Ф1 шампионатот. Иако според финансиските можности и бројот на вработени, „розевиот тим“ не може да се мери со наголемите во Формула 1, сепак, бележи резултати за почит.

Индискиот тим минатата сезона заврши на четвртото место во конкуренција на конструктори. Претпоставките беа дека Форс Индија со розевите болиди и со ограничените ресурси, во 2017 ќе загуби чекор со конкуренцијата, но се случи токму спротивното. Форс Индија по првите пет трки има подобри резултати од многу поголемите тимови како Мекларен, Рено или Вилијамс. Сергхио Перез и Естебан Очон во првите пет трки во Ф1 сезоната и двајцата секогаш завршуваа меѓу освојувачите на бодови, а тоа не му успеа на ниеден друг тим, дури ни на Ферари, ни на Мерцедес.

„Розевиот тим“ имаше забележителен настап и на последната трка во Барселона на која Перез и Очоа завршија на четвртото и на петтото место, а Форс Индија по пет трки веќе има 53 бода и сериозно му се приближува на Ред Бул во борбата за третото место во конкуренција на конструктори.

„Овој успех го постигнуваме благодарение на напорната работа на целата екипа на патеката и во фабриката. Ваквата константност на резултатите е вистинската сила на оваа екипа и многу сме задоволни со првата четвртина од сезоната“ – нагласува директорот на Форс Индија, Боб Фернли.

fors india1

Се вчитува...