Фер-плејот пред се – Фрајбург нема да се жали: Тоа се 17 секунди, ништо не се промени

Фрајбург нема да поднесе жалба до Бундес-лигата откако Баерн Минхен за момент настапи со 12 фудбалери на денешниот меч меѓу двата тима.

Гостите за преседанот го обвинија четвртиот судија кој не си ја завршил работата како што треба при замената со која Сабицер влезе во игра, а вечерва тренерот на Фрајбург, Кристијан Страјх, најави дека неговиот тим нема да ја оспори победата на баварскиот гигант од 1-4.

„Верувам дека нема да поднесуваме жалба. Се игра според правила, но тоа беше само 17 секунди во кои противникот беше со играч повеќе, ништо не се промени во тој период. Тоа е се што ќе кажам на оваа тема“, истакна Страјх.

Конечната одлука ќе ја донесат челниците на Фрајбург, но ставот на тренерот е јасен…

Се вчитува...