Поранешниот возач на Формула 1, Џолион Палмер, ги критикува Ферари и Луис Хамилтон за тоа што не ги искористиле слабостите на Мерцедес кога имале шанса.
Андреа Кими Антонели има шест победи во првиот дел од сезоната и има предност од 50 поени во однос на Луис Хамилтон, седумкратниот шампион во Ф1.
До крајот на сезоната има уште 12 трки, а Џолион Палмер вели дека Ферари ја пропуштиле најдобрата можна шанса уште повеќе да ја намалат разликата.
„Мораат да го зголемат притисокот и да видат што ќе се случи. Разочаран сум од Ферари во последните неколку трки бидејќи добија огромна шанса откако болидот на Кими беше помалку сигурен. Ферари имаа среќа во Силверстоун, ја губеа трката, а потоа значително го намалија водството на Кими, а потоа… Потоа добија казни. Луис Хамилтон беше казнет за лоша реакција на стартот и пребрзо возење. Тоа е невнимателно. Потоа во Унгарија направи грешка и возеше пребрзо во зоната каде што тоа не е дозволено. Повторно, голема грешка од Луис и тркачкиот инженер. Сите тие казни одзедоа некои поени, па мора да променат нешто.“
Тој додаде и дека Хамилтон имал брилијантни возења во некои трки.
„Тој е одличен. Самиот факт дека е или брз како Шарл или побрз од него покажува колку работите се свртеле во негова корист во споредба со минатата сезона. Тешко е да се спореди со славните денови во Мерцедес, конкуренцијата е многу поинаква. Околината е поинаква. Мислам дека тогаш го видовме најдоброто што некогаш можеше да го даде. Затоа сум фрустриран поради овие непотребни казни бидејќи неговото ниво на возење е многу високо во моментов. Овие грешки се непознати, возењето, тие се глупави. Момент на невнимание или деконцентрација или од негова страна или од страна на неговиот инженер“, вели Англичанецот.
Конечно, тој имаше моќна порака:
„Ако Ферари сака да го освои шампионатот, а веќе разговаравме за тимските наредби, тие мора да го извлечат максимумот од секоја трка и да сфатат дека во претходните трки беа далеку од тоа“, рече Џолион Палмер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
