Ферари со понуда за Фетел „тешка“ 138,5 милиони долари!

Ф1 тимот на Ферари настојува по секоја цена да го задржи Себастијан Фетел во своите редови. И не жалат пари за тоа. Според италијанските медиуми Ферари на Фетел му понудил нов тригодишен договор „тежок“ 138,5 милиони долари.

Актуелниот договор на Германецот со италијанскиот тим истекува на крајот од оваа сезона, но раководството на Ферари веќе презема директни чекор за да го задржи четирикратниот шампион во црвениот болид. Претседателот на Ферари, Маурицио Аривабене, минатата недела на трката за ГН на Австрија соопшти дека раководството веќе ја доставило понудата за нов договор и се чека Фетел да донесе конечно решение.Германскиот возач дојде во Ферари во 2015 година со тригодишен договор. Но, по изненадното повлекување на Нико Розберг на крајот од ланската сезона, името на Фетел често се поврзуваше со тимот на Мерцедес.Засега се уште не е дефинирано дали Ферари има намера да го задржи и вториот возач во својот тим, Финецот Кими Раиконен, чиј договор исто така истекува на крајот од оваа сезона.

Се вчитува...