Ферхан Хасани во Истанбул: Но, за потпис со Кашимпаша!

Еден од најдобрите македонски фудбалери Ферхан Хасани се поизвесно ова лето си заминува од редовите на новиот шампион, тетовска Шкендија.

Хасани деновиве е во Истанбул… Според шпекулациите од турските медиуми како желба на гигантот Галатасарај, но според информациите на ЕКИПА, сепак е пред потпис со прволигашот Кашимпаша.

Тимот, кој исто така доаѓа од градот на Босфорот, е веќе во финален контакт со Хасани кој е на добар пат да заврши во турскиот шампионат следната сезона. Интерес за услугите на капитенот на Шкендија има и од Истанбул Башакшехир, кој во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа, но според нашите информации сепак Хасани е блиску до реализација на трансферот во Кашимпаша кој минатата сезона заврши на 8. место во Првата лига на Турција.

Се вчитува...