Џои Ферман е најновото засилување на Борусија Дортмунд откако германскиот гигант реши да ја активира клаузулата на договорот што овој 27-годишен фудбалер го има со својот клуб ПСВ Ајндховен.
Холандскиот првак не сакаше да преговара за продажба на клучниот играч за врска, па Борусија беше принудена да ја плати целата клаузула од 21,5 милиони евра за да добие зелено светло да го доведе Ферман во своите редови.
Џои Ферман ги мина последните три и пол сезони на „Филипс Арена“ по трансферот од Херенвен, наметнувајќи се како еден од најдобрите фудбалери во лигата, притоа освојувајќи осум трофеи со тимот на ПСВ.
Џои Ферман одигра 198 натпревари во дресот на ПСВ Ајндховен, постигнувајќи 31 гол и 67 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
