Возачот на „Трекхаус“, Раул Фернандес, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Италија, седмата рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП.
Шпанецот ја освои првата спринт победа во својата кариера на Муџело, пред Хорхе Мартин на „Априлија“, кој заостануваше околу една секунда на целта.
На третото скалило на подиумот се најде возачот на тимот ВР46, Фабио Диџанантонио, кој заостануваше речиси две секунди. Актуелниот шампион Марк Маркез заврши петти во својата прва трка по пауза од три недели поради операција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
