Фернандо Аугусто: Не не интересира кризата на Шкендија, во Тетово одиме по три бода

По одличната победа од 5-1 против Скопје во претходното коло, Македонија ЃП денеска максимално мотивирана гостува на Шкендија во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Нескриен оптимизам владее во редоите на „лавовите“ кои веруваат дека може да дојдат до трите бода против ранетата Шкендија.

„Не не интересира кризата на Шкендија, во Тетово одиме по три бода. Подготвени сме за противникот и сигурен сум дека ќе дадеме максимум сите во екипата“ – вели Бразилецот во редовите на Македонија ЃП, Родригез Фернандо Аугусто.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 ч.)

Се вчитува...