Фернандо Торес уште една сезона во Атлетико Мадрид

„За Фернандо Торес не се дискутира“ – гласи насловот на весникот „Марка“ околу иднината на клупската икона во Атлетико Мадрид, потврдувајќи дека искусниот голгетер и во следната сезона ќе биде дел од тимот предводен од Диего Симеоне.

Во последната седмица се појавија бројни шпекулации околу иднината на Торес, екс-фудбалерот на Ливерпул и Челси беше поврзуван со клубови од Кина, САД и Мексико, но според „Марка“ нема никакви дилеми дека тој ќе продолжи да ги брани боите на Атлетико и во периодот што следи. Според мадридскиот весник, преговорите десетина дена биле во застој поради трансфер-забраната што му беше изречена на клубот од „Висенте Калдерон“, но кај управата нема никакви дилеми околу останувањето на клупската икона.

Клучните детали од разговорите се веќе средени, па веќе во текот на следната седмица се очекува Торес да го стави својот потпис на новиот договор со „јорганџиите“, за дефинитивно расчистување на сите дилеми околу неговата иднина.

Се вчитува...