Макс Ферстапен ќе остане во Ред Бул до крајот на својот договор, односно до 2028 година, изјави Рејмонд Фермелен, менаџерот на холандскиот возач во Формула 1 и четирикратен светски шампион.
„Многу се пишуваше и зборуваше, но единствената вистина е дека Макс сака докрај да го испочитува договорот што трае до 2028 година. Во неговиот договор постои клаузула што може да се активира, а која овозможува предвремен раскин. Не сме ја искористиле претходно, ниту пак ќе ја искористиме во иднина“, рече Фермелен, отфрлајќи ги шпекулациите дека Ферстапен наскоро би можел да го смени тимот.
Макс оваа сезона освои две места на подиумот: беше трет на Големата награда на Канада, а потоа втор во Австрија. Моментално е седми во генералниот пласман со 76 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
