Макс Ферстапен и Оскар Пјастри во моментов се главни претенденти за шампионската титула, а разликата е огромна во корист на возачот на Мекларен. Жак Вилнев, шампион во Формула 1 од 1997 година, сега коментираше за трката за шампионската титула помеѓу Макс Ферстапен и дуото на Мекларен – Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Пјастри и Норис победија на 12 од 15 трки оваа сезона, а нивниот Мекларен веќе ја обезбеди титулата кај конструкторите, но титулата кај возачите сè уште не е освоена.
Со шест трки до крајот на сезоната, Жак Вилнев го издвојува Макс Ферстапен како човекот кој може да направи голем пресврт.
„Мислам дека Ферстапен ќе биде шампион и тоа ќе биде најдобрата сезона во неговата кариера. Двајцата возачи на Мекларен се дават во притисок, мора да се разбудат“, изјави Вилнев за „Газета дело Спорт“.
Ферстапен беше 104 поени зад Пјастри на почетокот на септември, а сега е 63 поени зад него. Оскар има 336 поени, а Макс 273, и ако Холанѓанецот направи пресврт, тоа ќе биде најголемиот подвиг во историјата на Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

