Според тековниот календар, сезоната во Формула 1 треба да заврши со трки во Катар на 29 ноември и во Абу Даби на 6 декември.
Сепак, со оглед на конфликтот меѓу САД и Иран, во кој индиректно се вклучени сите земји од Заливот, се уште е неизвесно дали во тој регион ќе се одржат какви било натпревари.
Четирикратниот светски шампион, Макс Ферстапен смета дека возачите не треба да одат таму.
„Секогаш сакам да одам во Катар и во Емиратите, но во ситуација кога војната е толку близу, сметам дека тоа треба да се избегне. Без оглед на договорот. Сепак, јас не сум тој што ја носи одлуката“, изјави Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
