Ферстапен: Се уште не е донесена никаква одлука

Сагата околу преселбата на Макс Ферстапен во Мерцедес продолжува, а актуелниот светски шампион на прес-конференција беше прашан за неговиот моментален статус.

Минатиот тркачки викенд многу се зборуваше за можна преселба на холандскиот возач во Мерцедес. Дефинитивно има разговори меѓу двете страни, но како што вели тој се уште нема никаков договор.

„Ќе кажам „не“, бидејќи ако кажам „да“, луѓето повторно ќе измислуваат наслови и тоа не е она што го сакам. Отсекогаш сум велел на тимот дека би било идеално, и мислам дека тие го делат истото мислење, да ја завршам мојата Формула 1 кариера со еден тим. Мислам дека тоа би било неверојатно, а тоа е она што сè уште сакаме да го постигнеме“, изјави Ферстапен. 

Се вчитува...