Актуелниот шампион на Формула 1, Макс Ферстапен се врати во битката за нова титула со извонредно возење на последните четири трки во кои бодовната разлика со Оксар Пјастри ја намали од 104 на само 40 бодови.
Холандскиот возач славеше на Големата награда на САД во Тексас па говореше за шампионските амбиции.
„Имам шанса. Некој да ми го кажеше тоа пред само два месеци ќе му кажев дека е идиот. Меѓутоа го напреднавме болидот, подобро разбираме како работите функционираат и тоа е главната разлика“, изјави Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

