Макс Ферстапен оствари многу важна победа за ГН на Катар, и покрај тоа што стартуваше зад двоецот на Мекларен. Со тоа летечкиот Холанѓанец има шанса за титула во Формула 1 во последната трка од сезоната.
Втор целта ја мина Оскар Пјасти, кој ја имаше трката во свои раце, но тактичката грешка на крајот го чинеше победа. Феноменалниот Карлос Саинц во Вилијамс заврши на третата позиција, и му го загорчи животот на Ландо Норис. Шпанецот му откина важни бодови на Британецот, кој заврши на четвртото место. Со тоа на последната трка ќе гледаме вистински спектакл.
На петото место заврши Кими Антонели, додека Џорџ Расел беше шести. Катастрофалната сезона на Луис Хамилтон продолжува. Британецот денеска заврши на 13. позиција.
Во Катар видовме мирен старт, Верстапен имаше подобар старт од Норис, додека Пјастра го задржа првото место. Најголем губитник од стартот беше Џорџ Расел, кој загуби три позиции.
THREE DRIVERS, ONE WORLD TITLE…
DO NOT MISS THIS ONE!!! #F1 pic.twitter.com/sDVRckTGmV
— Formula 1 (@F1) November 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

