Ферстапен верува во нова титула: Сега се е можно!

Макс Ферстапен ги врати шансите за нова титула во Формула 1 шампионатот откако триумфираше и на Големата награда на Катар на која и покрај тоа што започна од третата позиција, зад двоецот на Мекларен, на крајот на трката успеа да се искачи највисоко на подиумот.

Новиот триумф му носи сериозни шанси на „летечкиот“ Холанѓанец за нова титула со оглед на тоа што заостатокот од лидерот на шампионатот Ландо Норис сега изнесува само 12 бодови.

„Неверојатна трка за нас. Донесовме вистинска одлука да влеземе во боксот при сигурносното возило. Паметен потег. Пресреќен сум за победата и што останав во битката за титула до самиот крај… Сега се е можно. Ќе видиме како ќе биде. Не се грижам многу“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...