Фешта пред мечот: „Зига-зага Македонија“ ечи и во Амстердам (видео)

Македонските навивачи прават вистинска фешта и во Амстердам, пред последниот натпревар што нашата репрезентација ќе го игра во рамките од својот дебитантски настап на европските шампионати.

„Зига-зага“ Македонија ечеше попладнево и во центарот на Амстердам, „фаланагата“ покажа дека двата стартни порази воопшто не ја нарушија атмосферата кај навивачите, па фудбалерите денеска повторно ќе ја имаат заслужената поддршка од трибините.

Погледнете дел од атмосферата од холандскиот град на неколку часа пред почетокот на дуелот меѓу „лалињата“ и македонските „рисови“.

Се вчитува...