Фешта во Аеродром: Фемили прослави 25 години постоење, за подарок сака – пласман во АБА1 (видео)

Во деновите кога МЗТ Скопје е домаќин на завршниот турнир од АБА2-лигата и се наоѓа на два чекора до камбек во елитното друштво, најверните навивачи на „сино-белите“, навивачката група Фемили Аеродром прослави 25 години од своето постоење.

Аеродром синоќа „гореше“ од пиротехничкото шоу на „Фемили“, кое почна од Железничката станица и продолжи кон останатиот дел од населбата.

Желба на сите членови на „Фемили“ е како подарок за овој роденден од кошаркарите да добијат пласман во АБА1 лигата, за во Аеродром повторно да се гледа врвна кошарка со ривали како Црвена Звезда, Партизан, Будуќност, Цедевита…

Се вчитува...