Фешта во Скопје: Дочек на плоштад за хероите од Палермо

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера приреди вистинско чудо откако ја совлада Италија на гостински терен со 0-1 во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.

Хероите денеска во 17.30 часот ќе пристигнат на меѓународниот аеродром Скопје, а потоа во 18.30 ќе се појават на плоштадот Северна Македонија каде ќе ги поздрават македонските навивачи.

Финалниот натпревар против Португалија кој ќе се игра на “Драгао” во Порто е закажан за во вторник со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...