Фешта во соблекувалната: Мукаетов и ракометарите ја славеа големата победа (фото)

Еуфорично се прославуваше големата победа над Фарските Острови и пласманот на СП 2025 на теренот веднаш по последниот свиреж на сирената, а славјето продолжи и во соблекувалната каде на репрезентативците и стручниот штаб им се приклучи и раководството на Ракометната Федерација на Македонија.

Претседателот Мукаетов и Генералниот секретар Милошевски им ја честитаа на ракометарите оваа извонредна победа, по што традиционално, со пиво беше залиен триумфот и визата за уште едно големо натпреварување.

Од доаѓањето на Мукаетов на чело на Ракометната Федерација на Македонија, нашата машка национална селекција е редовен учесник на сите големи натпреварувања повеќе од десет години наназад, па првиот човек на куќата на ракометот има на што да е горд, особено по ваков камбек пред полна сала со еуфорична публика.

 

Се вчитува...