Фудбалски Сплит и цела Далмација денеска славеа откако Хајдук славеше над Горица со 3-0, шести триумф во низа за тимот на нашиот Александар Трајковски со што сплитските „били“ стигнаа до есенската титула во хрватското првенство.
Хајдук предолго е без освоен трофеј, а стигнува до есенската титула по дури 17 години, за кревање на оптимизмот дека сплитскиот клуб би можел конечно и на крајот на сезоната да се најде на тронот на хрватскиот фудбал.
Иако тренерот Кароглан јасно стави до знаење дека есенската титула не е важна бидејќи се бројат само трофеите на крајот од сезоната, навивачите на „Пољуд“ приредија мала фешта по последниот свиреж против Горица.
Погледнете како изгледаше прославата на сплитскиот фудбалски храм на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА