По историскиот успех и искачувањето на тронот во ЕХФ европскиот куп, градот Охрид се подготвува за спектакуларна и достоинствена прослава.
Локалните власти и спортските ентузијасти упатија масовен повик до сите охриѓани, но и до сите искрени љубители на спортот, вечерва заедно да им оддадат признание на новите спортски херои вечерва од 19 часот на градскиот плоштад во Охрид.
„Ги повикувам сите охриѓани и љубители на спортот вечерва заедно да приредиме достоинствена прослава за нашите ракометни шампиони и носители на титулата во ЕХФ Европскиот Куп. Нивната пожртвуваност, талент и борбен дух го прославија Охрид и македонскиот спорт на европската сцена“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Организаторите најавуваат незаборавна атмосфера исполнета со гордост и победничка енергија, каде граѓаните ќе имаат прилика лично да им честитаат на ракометарите за испишаната историја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
