Фетел до пол-позицијата, Ферари доминира на „Хунгароринг“

Себастијан Фетел ќе ја стартува од пол-позицијата утрешната трка за ГН на Унгарија откако возачот на Ферари оствари најдобро време на денешните квалификации на патеката „Хунгароринг“.

Луис Хамилтон и Мерцедес доминираа во квалификациите за претходните трки, но овојпат Германецот успеа да извози фантастичен круг, оставајќи ги зад себе големите ривали. Интересно, Хамилтон по првите две квалификациски рунди имаше најдобро време, кое воедно претставуваше и рекорд на патеката.

Сепак, Фетел излезе и веднаш се искачи на првото место, додека Британецот се соочи со проблеми со моторот и мораше да почека уште неколку минути пред да се врати на патеката. Кога конечно го стори тоа, Хамилтон не успеа да го подобри своето време, па на крајот се најде на четвртата позиција.

Доминацијата на Ферари во овие квалификации ја надополни Кими Раиконен, кој утре ќе стартува од второто место, а пред Хамилтон ќе биде и неговиот тимски колегга Валтери Ботас.

Од петтата позиција утре ќе тргне Ферстапен, пред Рикиардо, Хулкенберг, Алонсо, Вандорн и Саинц.

Се вчитува...