Фетел го „искрши“ болидот, Ферари ги прекина тестовите

Ферари го прекина тестирањето на пневматиците за дожд на „Пирели“ по инцидентот што го доживеа вчера Себастијан Фетел на патеката „Фјорано“. Возачот на Ферари помина со полесни повреди, но модифицираниот болид од 2015 година кој требаше да одговара на пошироките пневматици и да симулира повисоко ниво на аеродинамичен притисок, беше речиси целосно уништен.

Фетел излетал од водената патека специјално подготвена за тестирање на гумите и удрил во заштитната ограда.

По инцидентот, болидот е транспортиран во фабриката во Маранело, но механичарите не успеале да го поправат за новите тестови на кои требаше да вози резервниот возач на Ферари, Антонио Џовианци.

Се вчитува...