Фетел: Кога имаш доверба во болидот, нагазуваш до крај

Себастијан Фетел ја отвори новата сезона во Формула 1 со победа на првата трка за ГН на Австралија и најави жестока битка за титулата со главниот ривал, Луис Хамилтон од Мерцедес. Германецот истакна дека неговата самодоверба ќе биде уште поголема кога ќе бидат направени дополнителните ситни корекции на болидот.

Мислам дека болидот има голем потенцијал, но јас се уште се борам со неа. Кога се споредуваме со Мерцедес каде сме послаби, јас чувствувам дека болидот не реагира точно по истите показатели. Сакам болидот да се залепи во место кога притискам на сопирачките, сега се уште не сум потполно задоволен и мора да правам компромиси. Нашата единствена задача сега е да ги решиме тие ситни проблеми. Ако имаш полна доверба во болидот, тогаш не размислуваш ни секунда дали треба да бидеш внимателен, туку се бориш вистински за победа“ – изјави Себастијан Фетел.

Следната во Ф1 шампионатот трката за ГН на Бахреин што ќе се вози на 8 април на патеката Сахир.

Се вчитува...