Фетел најбрз, нови проблеми за Мекларен

Возачот на Ф1 тимот на Ферари, Себастијан Фетел, постигна најдобро време на стартот од втората сесија на претсезонските тест-возења на патеката „Каталуња“ во Барселона. Четирикратниот светски шампион во Формула 1, направи 86 обиколки без проблеми со техниката што е еден од најважните сегменти во оваа етапа од подготовките пред стартот на новата сезона.

Второ најдобро време постигна возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а трето постигнување имаше младиот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен кој заврши со 85 круга. Пјер Гасли од Торо Росо беше четврти, а возачот на Хас, Кевин Магнусен ги затвори кругот на најдобрите пет возачи во оваа сесија.

Нови проблеми на патеката во Барселона имаше тимот на Мекларен. И покрај промената на моторите на Хонда со новите на Рено, британскиот тим повторно се соочува со серија технички проблеми. На првата сесија уште по првите неколку круга откажа болидот на Фернандо Алонсо, а сега и Стофл Вандорн успеа да извози само седум круга, а потоа им го препушти болидот на механичарите во боксот на Мекларен.

Се вчитува...