Фетел триумфираше во Австралија: Со „бокс тактика“ го надмудри Хамилтон!

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победи во првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот, за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Германецот славеше пред актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес. Фетел победи вторпат едноподруго на Алберт парк, а вкупно третпат во кариерата.

Германскиот возач триумфираше благодарение на добрата стратегија, бидејќи се одлучи на заминување во бокс на замена на гумите додека виртуелното возило за безбедност беше воведено на патеката. Од боксот потоа излезе пред Хамилтон, ја зачува предноста и стигна до 48-та победа во кариерата.

Третото место го освои Кими Раиконен од Ферари, пред Даниеле Рикаирдо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Мекларен. Марк Верстапен заврши на шесттата позиција, а семи беше Нико Хулкенберг од Рено. Бодови уште освоија и Валтери Ботас од Мерцедес, Вандорн од Мекларен и Карлос Саинц од Рено.

Следната трка од Ф1 шампионатот е на 8. април за Големата награда на Бахреин.

Се вчитува...