ФФМ до „фалангата“ во Букурешт: Уште денеска обезбедете си алка за негативен тест

Фудбалската Федерација на Македонија испрати апел до нашите навивачи во Букурешт, што поскоро да обезбедат алка што претставува доказ за негативен тест на Covid-19, нешто што е неопходно за да им биде дозволен влез на стадионот.

За утре се најавува пристигнување во Романија на голем број украински фанови, поради што ФФМ апелира македонските навивачи уште во текот на денешниот ден да го извршат тестирањето за утре без проблем да влезат на Националната Арена.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден“, се вели во пораката на ФФМ до „фалангата“.

Се вчитува...