ФФМ договори нов партнер на македонските репрезентации (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија и Ладна Вода потпишаа договор за соработка, со што компанијата “Магрони” станува нов партнер на македонските репрезентации.
Соработката е дел од определбата на ФФМ да обезбеди подобри услови за националните тимови, но и одговорноста на компаниите да поддржат проекти од значење за спортот и општеството.
„Секоја компанија која ја препознава потребата да се инвестира во репрезентацијата и во создавање подобри услови е важен партнер за нас. Ладна Вода ја препозна нашата визија и ни е драго што заеднички ќе ја градиме оваа соработка“ – истакна Филип Поповски од ФФМ, при потпишувањето на соработката со новиот партнер.
„Фудбалската репрезентација е еден од најголемите спортски симболи на Македонија. Како компанија, сакаме конкретно да придонесеме кон нејзината работа и развој. Ова партнерство го гледаме како наша одговорност кон спортот и заедницата“ – рече Ѓорѓи Начевски, претставник на Магрони.
Соработката со Ладна вода ќе биде дополнителна поддршка за репрезентациите и за создавање услови во кои македонскиот фудбал може да продолжи да се развива.

Се вчитува...